На 26 април 2017 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов го прими во куртуазна посета новиот амбасадор на Исламската Република во Република Македонија Н.Е. Иран Хосеин Карими.
Во срдечен разговор бискупот Стојанов го запозна амбасадорот Карими со историјата и животот на Католичката Црква во Македонија, истакнувајќи го делото на големите дејци и светци во Католичката Црква, свети Иван Павле II и света Мајка Тереза, како и за благодарствената прослава за канонизацијата на света Мајка Тереза во Скопје која се одржа минатата година, а се одвиваше во духот на нашата сограѓанка.
Бискуп Стојанов му заблагодари за амбасадорот Карими на посетата и му посака успешна дипломатска мисија во Македонија и меѓусебна соработка.
к.мк