Бискупот Стојанов го прими отец Брајан Холодејчук

Бискупот Стојанов го прими отец Брајан Холодејчук

Бискупот Стојанов во бискупската резиденција на Водно во Скопје во среда 6 март 2024 година го прими отец Брајан Холодејчук од Општеството на Света Мајка Тереза во придружба на две Сестри од истоименото Општество.

Средбата помина во срдечна братска атмосфера присетувајќи се за животот и делата на Света Мајка Тереза во Калкута и светот како и на нејзиниот роден град некогаш и денес. На крајот беа разменети и подароци. Отец Брајан на бискупот Стојанов му подари една од ретките медаљони со ликот на Света Мајка Тереза, што во целиот свет ги има само педесетина, додека бискупот Стојанов му подари медаљон од инаугурацијата на Струмичко-скопската епархија Успение на Пресвета Богородица.

Отец Брајан беше постулатор во процесот за прогласување на Света Мајка Тереза најпрво за блажена, а потоа и за светица. Последен пат во Македонија престојуваше во 2016 година кога на 11 септември со свечена света Литургија на Плоштадот Македонија, која ја предводеше Папскиот делегат Неговата Еминенција Винко кардинал Пулиќ, во нејзиниот роден град Скопје беше прославено нејзиното прогласување за светица. За Светица беше прогласена на 04 септември 2016 година од Неговата Светост Папата Фрањо на Плоштадот свети Петар во Ватикан.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот