На 22 септември 2020 година Скопскиот бискуп и Струмичко скопски епарх, монс. р-р Киро Стојанов во епископската резиденција на Водно во проштална посета го прими амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромеро, придружуван од неговата сопруга.
За време на средбата соговорниците се осврнаа на изминатиот период и соработка, како и на теми од животот на Црквата и земјата.
Епископот Стојанов на амбасадорот Ромеро му посака Божји благослов во животот и успешна понатамошна работа.
к.мк