Бискупот Стојанов го прими во проштална посета словенскиот  амбасадор Раковец

На 29 јули 2016 Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими во проштална посета досегашниот словенски амбасадор во Република Македонија, господинот Бранко Раковец.

Амбасадорот Раковец и бискупот Стојанов во пријатен разговор се осврнаа на претстојниот голем настан канонизацијата наМајка Тереза, како и на Татковинската прослава во Скопје, во чест на светицата и канонизацијата. Исто така, разменија мислења во однос на севкупната ситуација во која се наоѓа светот, па во таа смисла бискупот го информира амбасадорот дека на Светскиот ден на младите со папата Фрањо во Полска се наоѓаат и 83 млади од Македонија, што претставува голем настан за нив кои со ова искуство на Божјата близина ќе бидат знак на надеж за светот.

Исто така, двајцата изразија радост од средбата и соработката, при што бискупот Стојанов на амбасадорот Раковец му дари медал со ликот на блажена Мајка Тереза и му посака Божји благослов во животот и натамошната работа.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот