Бискупот Стојанов го прими во проштална посета италијанскиот амбасадор Белили
На 20 јули 2016 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими во проштална посета досегашниот италијански амбасадор во Македонија Ернесто Масимино Белели.
Господинот Белели му заблагодари на Бискупот Стојанов за соработката и средбите во текот на неговата мисија во Македонија, изразувајќи радост заради канонизацијата на блажена Мајка Тереза.
Бискупот Стојанов му заблагодари на господинот Белили и му подари медал со ликот на блажена Мајка Тереза како спомен на нејзиниот роден град Скопје, заедно со монографијата „Црквата во пресрет“ монографија посветена на посетата на државниот секретар на Светиот Престол во Македонија кардиналот Пиетро Паролин. Исто така, му посака Божји благослов во животот и успешна понатамошна дипломатска мисија.
к.мк