Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Словенија

Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Словенија

На 31 март 2017 Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими во настапна посета Н.Е. проф. Милан Јазбец, амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија.

Бискупот Стојанов му искажа добредојде на амбасадорот и накратко го запозна со историјата и животот на Католичката Црква во Македонија. Истакна дека голем придонес за Црквата во историјата дадоа словенечките свештеници-мисионери и чесни сестри. Спомнувајќи ги неодамнешните големи настани поврзани со прославата на канонизацијата на света Мајка Тереза бискупот Стојанов му ја подари на амбасадорот Јазбец монографијата „Денови на света Мајка Тереза“.

Во срдечен разговор амбасадорот Јазбец ја искажа својата радост по повод ова посета и ја истакна поврзаноста помеѓу Република Словенија и Република Македонија. Ова година се слават 25 години на дипломатските односи помеѓу двете држави и според мислење на амбасадорот тие се стварно добри и треба да продолжат во таа насока.

Бискупот Стојанов и амбасадорат Јазбец на крајот на средбата се согласија за понатамошна добра соработка помеѓу Католичката Црква и Амбасадата на Република Словенија во Репубилка Македонија и заемно си посакаа успешна мисија.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот