Во вторник 27 декември 2022 година во бискупската резиденција на Водно, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во посета ги прими членовите на Катердалниот хор „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, предводени од диригентката Јулија Неловска, оргулистот Кристијан Мирковски и професор Дарко Мариновски.
Во пријатна атмосфера бискупот Стојанов им се заблагодари на присутните за посетата, воедно честитајќи им ги божиќните и новогодишните празници.
Ватикан њуз/к.мк