На 11 февруари 2017 година на празникот на Мајка Божја Лурдска, кога се одбележува Светскиот ден на болните, во Струмица по завршувањето на светат Литургија во катедралата епископот Стојанов посети неколку болни и стари изнемоштени лица во нивните домови.
За време на посетата епископот Стојанов разговараше со болните и нивните семејства, охрабрувајќи ги во верата ја истакна смислата на болеста и дека преку страдањето и трпението се раѓа љубов способна да го преобрази човекот. Средбите завршуваа со заедничка молитва и благослов на болните и нивните семејства.
Светскиот ден на болните го воспостави светиот папа Иван Павле II во 1992 година и има за цел да ја подигне свеста за важноста за грижата на болните, да се сврти вниманието за правата и потребите на болните лица и да се поттикне квалитетна здравствена грижа на оние кои им е потребна, како и за лицата кои се грижат за болните и старите изнемоштени лица
Датумот за славење на Светскиот ден на болни е одбран 11 февруари, кога во Католичката црква се слави празникот Блажена Девица Марија Лурдска, затоа што ова светилиште во Лурд, Франција е познато по бројни чудесни оздравувања, и стана големо поколничко место каде болните доаѓат да молат за здравје и преобраќање.
к.мк