Бискупот Стојанов во Рим учествува на семинар за Каритас

Бискупот Стојанов во Рим учествува на семинар за Каритас

Скопскиот бисскуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Претседател на Македонски Каритас, во придружба на координаторот Спасе Спасов, на 24 и 25 март 2022 година учествува на семинар за Организациски развој на националните Каритас организациите од Европа, наменета за лидерството и практичарите, која се одржува во Рим.

На дводневната средба акцентот e ставен на структуралните дискусии, како и размена и споделување на искуства, поврзани со организацискиот развој.

Македонски Каритас посветува особено значење и програмски активности, наменети за развојот на самата организација како би можела соодветно да одговори на своео послание – да помогне на луѓето во потреба.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот