Бискупот Киро Стојанов ја посети заедницата на сестрите Мисионерки на љубовта

Бискупот Киро Стојанов ја посети заедницата на сестрите Мисионерки на љубовта

Бискупот Киро Стојанов на 16 април 2019., ја посети заедницата на сестрите Мисионерки на љубовта во Скопје и во таа пригода се сретна со корисниците на народната кујна за кои сестрите секојдневно се грижат.

Зборувајќи за престојните празници бискупот ги охрабри присутните да го упатаат својот поглед кон Спасителот Исус Христос, кој со својата смрт и воскресение ни дарува живот.

Интересен беше и дијалогот помеѓу бискупот и присутните кои изразија голема радост поради доаѓањето на папата Фрањо во Македонија, а посебно што Папата ќе се сретне и со нив.

Честитајќи им ги престојните празници бискупот истакна дека тие не се само во мислите на Папата, туку и во неговите молитви.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот