Во разговор за ватиканските медиуми Бернице Албертине Кинг, ќерка на Мартин Лутер Кинг, исто така активистка за човекови права, истакна дека зборовите на папата Фрањо за расизмот се во потполна согласност со ставовите на нејзиниот татко, баптистички пастор и гласовит борец за човекови права.
Афроамериканската заедница во Соединетите Американски Држави на 19 јуни го прослави Денот на слободата, со кој се одбележува ослободување на робовите на подрачјето на сојузната држава Тексас, кој стапи на сила на тој ден во 1865 година. Таа годишнина оваа година се доживува во атмосфера на протести, предизвикани од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Зборувајќи за ангажираноста за рамноправност, култура на мир и ненасилство, во разговор за ватиканските медиуми Бернице Албертине Кинг, ќерка на Мартин Лутер кинг истакна дека гледа голема согласност помеѓу својот татко и папата Фрањо, со кој два пати се сретна во Ватикан.
Мислам дека светот веќе доволно е напнат поради пандемијата од КОВИД -19. Суровата смрт на Џорџ Флојд на многумина во светот им помогна да сфатат дека нешто итно мора да се направи за социјалната правда и еднаквоста на расите. Многу организации, тела и иницијативи се започнати и овој пат ќе бидеме многу поефикасни борбата за правда. Системскиот и институционалниот расизам изгледа невидлив. Информациите и образованието се прв и втор чекор кон промена за ненасилно општество. Потоа ќе мора да откриеме, како што рече мојот татко, како да се организираат сопствените сили во неодолива сила, така што Владата и другите институции нема да можат повеќе да ги игнорираат нашите барања – рече меѓу другото Бернице Албертине Кинг.
Ватикан њуз/к.мк