Бегалците и интеграцијата во Европа
Во австрискиот град Клагенфурт од 30 септември до 02 октомври 2016 година во организација на повеќе католички организации од Австрија и Германија се одржа симпозиум на тема: „Странец бев и вие ме прифативте“.
На симпозиумот присуствуваа претставници од десетина европски земји, бегалци и католички дејци во Сирија, Либанон, Иран и Јордан, а од Македонија присуствуваа о. д-р Зоран и. Стојанов и о. Гоце Костов.
На симпозиумот беа разгледани различните погледи на новонастанатата ситуација со мигрантите во 2015 и 2016 година, анализирајќи ги различните социјални, економски, теолошки и морални погледи на миграциската криза во Блискиот Исток и нејзината рефлекција во европските држави.
На излагањата од еминентни учесници во дискусијата на собирот се изнесоа многу статистички податоци и реалности кои претставуваат сериозен предизвик на идното време. Најголем аплауз и задоволство предизивика кога претставникот на полската бискупска конференција, бискупот Кшиштоф Задарко за решение на новонастанатата ситуација го пренесе апелот на папата Фрањо: „Отворете го вашето срце за мигрантите“.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

На Богојавление епископот Стојанов служеше во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица
