Барселона: Летен курс за Апостолското писмо „Радоста на Евангелието“

Теолошкиот факултет на Каталонија организира од 3-5 јули 2014 година во семинаријата во Барселона летен курс на тема „Радоста на Евангелието“ (Evangelii gaudium), Апостолско писмо на папата Фрањо која претставува вреден и пророчки текст. Црквата мора да влезе во време на преобраќање и мисија. Секој христијанин е мисионер, ученик, кој престанува да гледа на себе и излегува да го навестува Евангелието. За да се приближи таа порака на луѓето, за време на курсот ќе бидат подготвени бројни активности кои ќе им помогнат на учесниците „да навлезат во новиот пат, на кој повикува аргентинскиот папа“.

Предвидени се разговори со професори од Теолошкиот факултет во Каталонија, форум и проекција на францускиот филм „Неочекувана љубов“.

Друга иницијатива е панел дискусија за Црквата каква што ја поскавува папата Фрањо.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот