Барајте Го!

Барајте Го!

Не дозволувајте да ве совлада духот на униние и малодушност. Симптом на гордeливоста е исклучивото потпирање на сопствените сили.

Еднаш светата Маргарета Марија Алакок Го прашала Исус:

„Господи, што ќе направиш со мене?“

„Остави Ми ги слободни рацете…“ – ѝ одговорил Исус.

Дозволете Му да ве придобие и преобрази, а потоа да го исполни вашето срце до крај, за да биде вашиот одговор кон Него совршена предаденост.

Барајте Го.

Спознавањето ќе ве направи силни како смртта.

Љубете Го и имајте доверба во Него, не свртувајте се и не плашете се.

Верувајте дека Исус и само Исус е животот.

Служете Му на Исус, занемарувајќи и заборавајќи сè што ве вознемирува и ви пречи.

Дејствувајте љубејќи ја нељубената Љубов.

Христа не треба да Го навестуваме со начинот на кој зборуваме, со начинот на кој одиме или со начинот на кој се смееме. Го навестуваме живеејќи така што сите ќе можат да разберат дека Му припаѓаме.

Навестувањето не значи проповед, туку постоење.

Променете ги своите срца…

Нема преобраќање без промена на срцето.

Промената на местото не е решение.

Промената на работата исто така не е решение.

Решението е во промената на срцето.

А како можеме да го промениме?

Со молитва!

 – Света Мајка Тереза

За авторот