По 68 дена, односно по скоро десет недели вратата на базиликата Свети Петар во Ватикан повторно е отворена и првите верници на 18 мај влегоа и учествуваа на светата Литургија која Папата Фрањо ја служеше во капелата Свети Севастијан, каде што е закопан Свети Иван Павле II, по повод одбележувањето сто годишнината од неговото раѓање.
Базиликата Свети Петар како и останатите римски цркви под јурисдикција на Ватикан: Свети Павле, Свети Иван Латерански, Света Марија Велика повеќе пати се дезинфицирани и на 18 мај отворени.
Ватикан њуз/к.мк