Бад Спенсер: Имам потреба за вера повеќе од било кога

Познатиот италијански актер и херој од играните серии Бад Спенсер во разговор за германскиот весник „Ди Велт (Свет)“ со читателите ги споеделил своите размислувања за животот, смртта и сѐ поголемата потреба за вера.

Во својот постар период од животот имам потреба за религија повеќе од било кога. Имам потреба за вера. Верувам во Бог и неговото спасение. Исто така и се молам. Но зошто? Затоа што сѐ појасно гледам како работите на кои некогаш сум им давал поголемо значење не значаат ништо. На пример спортот во кој сакав да се истакнам, популарноста. Оној кој се воздига заради овие работи, кој сака да постигне само успех, слава, тој е незнајко (идиот) – рекол 86-годишниот италијански актер.

Бад Спенсер, чие вистинско име му е Карло Педерсоли, во интересен разговор призна како во својот живот правел и многу грешки и дека тој не е светец. Тоа, за жал, го разбрал дури покасно:

„Направив многу грешки. Со жените, пријателите… заблуди и глупости. Сега, со 86 години, работите ги гледам во поинаква светлина. Животот ме научи дека постојат некои поважни работи.“

И покрај тоа што во позрелата возраст, „страста за живот“ е сѐ посилна, но страв од смртта не постои:

„Како што поминуваат деновите, сѐ повеќе сум посветен на животот, но не се плашам од смртта. Верувам дека всушност не се умира, така што нашата душа ќе живее и откако ќе ја напуштиме оваа земја. Всушност, убеден сум дека животот продолжува. Затоа сето тоа го гледам со голема смиреност. Животот не е во нашите раце. Порано или подоцна ќе се појавиме пред Небесниот Отец.“

Разговорот преполн со духовити и шеговити досетки заврши во еднаков тон. На прашањето со кој би го споделил својот последен оброк и што би сакал за последно да јаде, Спенсер одговори:

„Шпагети – со Исус Христос.“

Битно.нет/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија, Сведоштва

За авторот