Свети Јоаким и Ана се заштитници на бабите и дедовците. Бог ги создал за да бидат дел од семејството на Исус. Треба да ја препознаеме важноста на нашите, земни баби и дедовци и треба да им оддадеме признание за нивната љубов.
Бабите и дедовците на многу начини се неопејаните херои во нашите семејства и парохии
Во текот на историјата, бабите и дедовците играат важна улога во семејниот живот. Бабите и дедовците сочинуваат голем процент од населението во Македонија, веќе после 50тата година тие добиваат внуче. Исто така, тие сочинуваат голем дел од парохјаните, кои секоја недела верно ги полнат црковните клупи и се важен дел од парохиската заедница и општествениот живот. Тие се на многу начини неопејаните херои во нашите семејства и парохии. Но, многу лесно ги земаме здраво за готово, иако нивниот придонес е непроценлив во семејниот живот и во заедницата на парохијата.
Тие се како вредни пчели каде и да ги најдете, и исто така тие се “доставувачи и возачи” во многу семејства. Бабите и дедовците се силна основа на нашите семејства и црковните заедници.
Голем број на баби и дедовци всушност ги подигнуваат своите внуци
Меѓу помладите генерации гледаме нова генерација на баби и дедовци кои се многу современи. Тие денес се обидуваат да се грижат за нивното здравје, подолго време да бидат во работен однос и да се образуваат целиот живот, што во минатото не било случај. Тие на себе го преземаат целиот спектар на должности наменети за бабите и дедовците. Многу од нив помагаат на семејствата со повеќе деца. Голем број баби и дедовци всушност ги подигнуваат своите внуци. Дел од нив мора да вложат голем напор да одржуваат контакт со сопствените внуци кои живеат далеку. Други се обидуваат да се справат со разделбата или со разводот на родителите на нивните внуци, што повторно ја нарушува динамиката на односите и комуникацијата во семејството. Понекогаш се соочуваат со процесот на интеграција на посвоените деца во семејството. Семејните ситуации се различни, во кои не е едноставно да се биде баба и дедо.
Бабите и дедовците се силни сидра на семејството
На бабите и дедовците им е доверена привилегирана улога во животите на нивните внуци. Тие имаат уникатна харизма и на посебен начин се повикани да бидат водачи и придружници на најмладите членови на семејството. Односот на бабите и дедовците со своите внуци има силно влијание врз двете генерации. Бабите и дедовците нудат безусловна љубов и стабилност. Тие се цврсти сидра на семејства без разлика дали живеат во иста заедница или се оддалечени од семејството. Односот помеѓу внуците и бабите и дедовците е неспоредлива со било кој друг однос.
Бабите и дедовците се силни примери и учители за помладите генерации. Тие во животот стекнале разни вештини, таленти, интереси и искуства што можат да бидат многу корисни за нивните внуци. Да се биде баба или дедо е една сосема нова животна можност. Тоа е можност за сè што го пропуштиле да го направат кога биле родителите, бидејќи немале време, сила или пари. Споделувањето на сопствените таленти и дарови со нивните внуци е начин да се создадат вредни спомени.
Тие се жива врска помеѓу минатото и сегашноста
Бабите и дедовците се светилници на верата и носители на моралните и традиционалните вредности. Тие се моќни духовни учители кои учат и сведочат со нивните дела. Нивниот повик, поддршка и охрабрување помагаат во насочување на внуците на патот кон верата. Бабите и дедовците се нежни, но ефективни евенгелизатори. Нивниот животен пример е моќен двигател за останатите членови на семејството. Тие се верни посредници на молитвата. Потребите и грижите на децата и внуците ги ставаат како прва посвета во своите молитви.
Бабите и дедовците се како семејни историчари. Тие се жива врската помеѓу минатото и сегашноста. Тие ги чуваат семејните приказни и се задолжени за споделување на богатото семејно наследство со најмладите гранки на семејното дрво. Децата сакаат да слушаат приказни за себе, како и приказни за оние кои живееле пред нив. Истражувањата покажуваат дека децата кои знаат нешто повеќе од семејната историја имаат поголема самодоверба.
Бабите и дедовците ја носат мудроста на постарата генерација и се “семејни старешини”. Во текот на нивниот живот тие стекнале многу знаење и така ја развиле своја животна филозофија.
Во односот со нивните внуци, тие имаат можност да им пренесат морални вредности и животна мудрост, кои потенцијално можат да станат водич и инспирација не само за нивните внуци, туку и за идните генерации.
Св. Јоаким и Ана – дедото и бабата на Исус
Црквата на 26 јули го слави празникот Св. Јоаким и Ана, дедото и бабата на Исус.
Можеме да претпоставиме дека тие, како и денешните баби и дедовци, биле често присутни во животот на нивниот внук и имале големо влијание врз него. Овој ден е можност да покажеме почит кон своите баби и дедовци и така да го прославиме, посведочиме и благословиме нивниот придонес во нашите семејства и црковни заедници.
Жена врсна/Гери и Кеј Ајчисон/Кате М.