А што ако жената не е секси!?
Во центарот на вниманието ова лето е, погодете кој…! Да, навистина, жената. Жештините се големи, соблекувањето е оптимално, всушност „нормално“. Ако жената не се соблече во костум за капење и бикини, сигурно не е нормална или сокрива нешто, можеби малку повеќе сланина која не успеала да ја тргне во месеците пред летото. Со самото тоа таа на себе си создава притисок и сценарио со што ќе биде на сцената за исмевање, онака како stand-up комедија без говор, како барбика во дуќан – напуштена, без никого, чекајќи барем на еден комплимент, но без надеж и самодоверба.
Тоа е жената денес. Но, не е жената виновна што така мисли, што си создава такво сценарио, бидејќи тоа доаѓа всушност од денешниот свет, нашата култура и општество. Замрсената ситуација не е продукт на некаква „случајност“, туку програмирање на системот по кој машкото и женското треба да функционираат или поинаку да опишам, системот на страст, програмиран грев кој ја става жената на сцената на селекција – дали жената е секси или не? Ако е – останува таму за понатамошно програмирање, ако не е – заминува по друг пат преполн со депресија, лоши сценарија, лоши мислења и диета. Ако не си секси, мораш да станеш, се става во умот на жената. Како да станеш секси? Или преку операции или со слатките маки кои се викаат „диети“. Па, два комерцијални патишта на кои се упатува жената – плати за операција и ќе бидеш убава, иако повеќе нема да бидеш дело на Божјите раце, природна како што Он те замислил, туку барбика, вештачка како и месото псеудо-месо за вегетарјанци, тофу.
Сепак, ако не го сакаш тоа, а сигурно не го сакаш, бидејќи тоа чини многу тогаш можеш во другата насока, патот на диета, на кој те чекаат многу self-help книги и пилули за брзо слабеење. Бидејќи така бара мотото „Ако не си секси, мораш да станеш“, што порано тоа подобро,. Депресивна жена сѐ ќе проба и ќе даде сѐ од себе за да ја постигне таа голема цел „да биде секси“, бидејќи погледите и комплиментите се она што го залева цвеќето на самодовербата. Во денешницата тоа во најголем облик се „лајковите“ на Фејсебук и коментарите.
Од неодамна, само што стигнав дома по напорниот ден на многу испити и учење, гледав по Фејсбук на мобилен. Гледав сѐ што се случувало во текот на денот, но едно забележав – сакал или не – а тоа беше една девојка која ставила слика на Фејсбук погодете како… во бикини, лежејќи на стомак, сликано одозгора, па можете да помислите што се гледаше и како се гледаше. На некој тоа му е нормално, а мене – да бидам брутално искрен – многу ми се гади и тоа од една причина: жената има свое достоинство и јасно беше на што овде упатуваше. Сигурно не на искрени комплименти од човек на кој не му е потребно да ја види жената 95% гола за потоа да има мотив да направи еден убав пристоен комплимент. Тука мислам на што повеќе лајкови и коментари, што повеќе погледи и страсти кои ќе го удрат на грбот печатот „секси“, за понатамошен опстанок во овој сексуален свет. Дури и лицето не се гледаше, а тоа е всушност најдобриот знак на тоа што се нуди – не треба ниту да ти се допаѓа моето лице низ кое можеш директно да гледаш во моето срце, мојата душа – не, тоа денешното општество не го бара, бидејќи тоа всушност бара „жртви“ на ова луда сексуализација – под мотото 95% голи: да видам какво ти е телото. Ако тоа е добро, тогаш можеме понатаму ако не е бегај не вредиш за мојот поглед.
Мене ми е жал што општеството гледа вака на жената, но уште повеќе ми е жал за тие жени и девојки кои мислат дека мора да летаат по најновата мода за да бидат привлечни, мораат да облекуваат мини-сукни, небодери штикли и да покажат повеќе низ деколтето, за да бидат забележани. Таквите девојки и жени на крајот не треба да се чудат од солзите ако најдат многу мажи, но нема да најдат некој внимателен и нежен, кој наместо облеката би им симнувал ѕвезди од небото. Човек кој нема да гледа само на телото – туку човек кој гледа во очите за да потоне во океанот на нејзината душа, барајќи го клучот до нејзиното срце. Тоа се борци, вистински мажи. Но сепак не може жената да бара таков маж ако себе се става разголена на сцената, бидејќи и тогаш – и таа тоа го знае – ќе стане магнет за оние кои се сексуализирани, а помалку за оние кои имаат срце и душа.
Затоа драга жено, драга девојко: немој да паднеш на тие ситни фори на светот кои сакаат да манипулираат со тебе. Јасна е целта, сака да те сексуализира, од тебе да направи еден обичен објект за кој многу ќе се борат, но не поради тебе, туку заради твоето тело. Ти во таа приказна немаш место и не си важна. Но всушност ТИ, драга жено си најважното создание, најдрагото, најплеменитото и на мажите ни требаш, токму поради тоа што имаш нежно и прекрасно срце, кое има многу повеќе љубов во себе отколку океанот вода. Не давај да те манипулираат и од тебе да направат голо „чудо“ кое се забележува само заради голотијата, а најмалку затоа што во Божјите очи навистина си прекрасно и големо создание. Не мораш да се прекриваш како муслиманките тоа никој од тебе не го бара ниту го сака, но те молам немој да се фрлаш СЕБЕ како скапоцен камен и дијамант пред свињи, бидејќи вредиш многу повеќе…
Преземено од блог на Марио Трифуновиќ
Превод: Д.И.