Патер Ломбарди ја коментира информацијата за посетата на папата во САД

Папата Фрањо ја прифати поканата следната година да ги посети Соединетите Американски Држави за Светската средба на семејствата во Филаделфија. Ова го потврди за новинската агенција ЦНС архиепископот на Филаделфија, Чарлс Ј Шапут. „Папата Фрањо ми рече дека ќе дојде”, го цитира новинската агенција архиепископот на Филаделфија.

Светската средба на семејства ќе трае од 22-27 септември 2015 година во Филаделфија, а се очекува Светиот Отец да остане во Филаделфија во петок, сабота и недела, додаде архиепископот на Филаделфија Шапут.

По тој повод се огласи и гласноговорникот на Светиот Престол отец Федерико Ломбарди. Што се однесува до патувањето во Америка, има неколку покани, кои, Папата, како и секогаш досега, ги зеде во обзир. Папата изрази подготвеност да учествува на средбата со семејствата, но во овој момент не е започнат никаков оперативен проект или програма за патување поврзано со САД или Мексико. Треба да се напомене дека има повеќе од една година до тој настан во Филаделфија, изјави патер Ломбарди во изјавата за новинарите, а ја пренесува Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Светските средби на семејства ги покрена светиот папа Иван Павле II во 1994 година со цел да се охрабрат семејствата. Средбите се организираат на секои три години.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот