Архиепископот Цирил Васиљ за Велигден служеше во Радово

На првиот ден Велигден во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радово се служеше Архиерејска света Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високо Преосвештенство д-р Цирил Васиљ, секретар на Конгрегацијата за Источни Цркви во Рим, заедно со домашниот епископ Н.В.П. д-р Киро Стојанов.

Заедно со архиепископот Цирил, во кратка посета на Македонија е и подсекретарот на истата Конгрегација проф. д-р Лоренцо Лорусо.

На светата Литургија своја проповед за важноста и големината на Велигден искажа владиката Киро.

Поздравите во свое име и од Апостолскиот престол архиепископот Цирил ги пренесе на крајот на Литуријата која тој ја предводеше на македонски јазик.

Гостите ги поздрави домашниот парох д-р Зоран И. Стојанов, кој ја истакна посебноста на денешната Велигденска Литугија: „Денес е јубилејот 15 години Апостолски егзархат во Македонија (01 мај 2001) и 17-та годишнина од епископската хиротонија на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија (01 мај 1999), голем ден за оваа парохија каде тој претходно беше парох и за Црквата во Македонија, кога по пауза од 104 години еден Македонец беше вброен во Апостолските наследници…“

к.мк/з.и.с

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот