Архиепископот Бертолоне за повикот на папата Фрањо до мафијашите да се преобратат

Рим, 29.5.2013 /к.мк/ – По молитвата Ангел Господов во неделата 26 мај, потсетувајќи се на беатификацијата на отец Пуглиси, Светиот Отец ги повика мафијашите да се преобратат кон Бог. Коментирајќи ги зборовите на Папата за Радио Ватикан, архиепископот од Кантанзар и постулатор за беатификација на пречесниот Пуглиси, Винченцо Бертолоне смета дека зборовите на Папата се потврда за чекорењето на Црквата започнато во осумдесетите години и чиј врв беше крикот на папата Иван Павле II на 9 мај 1993 година. Зборовите на Папата го комплетира тој пат со прогласувањето на блажен на оној кој е убиен од мафијата – рече архиепископот и додаде:

Тоа е прекрасна порака, таа ќе се остане трајно во сеќавањето не само на граѓаните на Палермо и Сицилија, туку и кај сите верници, бидејќи разбојништвото, наречено мафија или со некое друго име, е раширено по целиот свет. Пораката на Папата означува апосолутна непомирливост помеѓу Евангелието и секој облик на насилство и потчинување. Освен тоа пораката Папата го заокружи прекрасното славење во Палермо во сабота 25 мај, пред повеќе од 100.000 илјади луѓе. А тоа е добар знак на новиот народ кој сака да го искорени коренот на злото, туморот односно богот моќ и богот пари – рече архиепископот Бертолоне

На забелешката дека Папата повикува на молитва за мафијашите, истакна дека зборовите „обратете се“ во верска и во општествена смисла подразбира искрено каење и надомест за нанесеното зло. Искреното преобраќање ослободува, обновува, го раѓа човекот одново. Тоа е силата на христијанството, силата на Евангелието. Па така во зборовите „обратете се“ и желбата за воскресение, е повик за свет живот, а отец Пуглиси до крај го следеше Исус Христос и затоа е жива слика за денешните луѓе, поврзана со Христовиот крст. Тоа е исто како пченичното зрно, ако не умре не донесува плод – заклучи архиепископот Бертолоне. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<