Папата ги поттикнува семејствата да бидат места на заедништво и молитва, вистински училишта на Евангелието и мали домашни цркви, разбудувајќи ја светста за светиот и неповредлив карактер на семејството и неговата убавина во Божјиот план.
По повод Третата национална средба на семејствата која се одржува во богородичното светилиште Пресвета Богородица од Островот во Солин, важен центар на христијанската историја на хрватскиот народ, папата Фрањо упати срдечен поздрав, охрабрувајќи ги христијанските парови да ја зацврстат верноста на вредностите на христијанската вера и семејството. Папата потикнува семејствата да бидат место на заедништво и молитва, вистинско училиште за Евангелието и мали домашни цркви, разбудувајќи ја свеста за светиот и неповредлив карактер на семејството и за неговата убавина во Божјиот план.
Неговата Светост повикува за сите хрватски семејства изобилни милости, мир и балгосостојба и ги доверува на застапништвото на Светото назаретско семејство молитвите и надежите на тој драг народ со длабоки христијански корени. Барајќи и понатаму да се молат за неговото служење на Црквата, од срце го поделува на Вас превозвишени, на сите присутни епископи, свештеници, пасторални работници и на сите учесници на славењето апостолкиот благослов кој беше замолен,“ се истакнува во текстот кој го потпишува Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин , а кој ќе го прочита монс. Јануш Станислав Блачовик, секретар на Апостолската нунцијатура во Република Хрватска за време на централното евхаристиско славење, во недела на 16 септември на Богородичниот остров.
Ватикан њуз/к.мк