Апостолскиот егзархат во Македонија доби нов свештеник

Во недела, 17 јули 2016 година, на Архиерејската литургија во парохиската црква Свети Пророк Илија во Радово, Неговото Високо Преосвештенство монс. д-р Киро Стојанов му додели свештеничко ракополагање на ѓаконот Атанас Сирачев. На свечената Литургија во сослужение на свештеници од Македонија и пријатели на неоерејот од странство и голем број верници и роднини од Радово и други места, новиот свештеник пред епископот го претстави домашниот парох о. д-р Зоран И. Стојанов.

Во својата пригодна реч бискупот Стојанов, ги повика сите присутни со своите молитви да го подржат новиот свешетеник на неговиот пат како Христов работник на Божјата нива, при тоа напомнувајќи дека: „Свештеникот никогаш не смее да дозволи во него да згасне љубовта кон свештеничкиот позив, ниту да ја заборави првотната запаленост за духовно воздигање“. Владиката притоа заблагодари на сите кои му помогнале на отец Атанас да го изоди патот до свештенството.

Отец Атанас Сирачев потекнува од парохијата Свети Пророк Илија – Радово, своите филозовски и теолошки студии ги заврши на Папскиот Универзитет „Урбанијана“, а постдипломските студии на Папскиот Институт „Ориентале“ во Рим.

На Многаја и Благаја лета оче Атанасе!

к.мк/н.с.

Категорија: Македонија

За авторот