Комисијата за односи со верските заедници, преку медиумите, ја известува јавноста дека Црквите, верските заедници и религиозните групи споменати во Уставот, на ден 22.10.2020 година, го испраќаат следниов јавен апел до граѓаните:
„Ние ‒ Црквите и верските заедници испраќаме едногласен АПЕЛ до сите наши верници и до сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со корона-вирусот Ковид 19 да гледаат со највисок степен на с ериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки за да го заштитат сопственото, здравјето на блиските, на здравствените работници и со тоа на севкупното општество.
Доследното почитување на мерките не треба да се толкува како имање слаба вера, туку како имање љубов и грижа за другите.
Сега е време кога секој човек мора да покаже грижа и да даде личен прилог во справувањето со настанатата состојба. Мерките треба да ги почитуваме постојано, во внатрешен и надворешен простор, на работните места, во верските храмови, во домовите и на јавните површини.
Во овие времиња да бидеме силни и свесни дека искушенијата доаѓаат поради лично преиспитување и зацврстување во верата.“
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
в.д. Реисул Улема на Исламската верска заедница х. хфз. Шаќир еф. Фетаху
Бискуп Скопски и епарх струмичко-скопски монсињор Киро Стојанов
Претседател на Еврејска верска заедница г-ѓа Романо Николиќ
Супериндендент на Евангелско- методистичка црква г. Марјан Димов
фото: архива на ковзрг