На човештвото му треба мир и соработка и е неопходен ангажманот од сите. Ова беше апелот, кој папата Фрањо го упати, за време на Генералната аудиенција во среда 20 јануари 2021 година, до државите и граѓаните неколку дена пред стапувањето во сила на Договорот за забрана на нуклеарно оружје.
Задутре, петок, 22 јануари, ќе стапи во сила Договорот за забрана на нуклеарно оружје. Тоа е првиот меѓународен законски обврзувачки инструмент кој ги забранува овие направи, чија употреба има непредвидливо влијание, влијае на голем број луѓе за кратко време и предизвикува долгорочно оштетување на животната средина.
Силно ги повикувам сите држави и сите луѓе со добра волја решително да работат за унапредување на неопходните услови за свет без нуклеарно оружје, придонесувајќи за унапредување на мирот и мултилатералната соработка, толку многу потребна за светот.
Ватикан њуз/к.мк