Андреја Бочели на молитва во Фатима

Андреја Бочели на молитва во Фатима

Познатиот италијански оперски пејач Андреја Бочели е фотографиран во маријанското светилиште Фатима, каде неодамна настапи по повод 100 години од објавувањата на Богородица во тој португалски град.

Познатиот пејач својот престој во Фатима го искористил за молитва до Богородциа Фатимска. На својот фејсбук профил објавил неколку фотографии и следниот текст:

„Секоја мајка ја симболизира неа, секоја утроба која дава живот ја овоплотува и ја донесува меѓу нас. Марија е единствениот пат до нашиот Отец, таа е наша небеска мајка, посредничка и утешителка. Постојат одредени места, како Фатима, каде воздухот е исполнет со нејзината присутност и таму секој здив станува молитва“.

Како што пишува ChurchPop, Бочели е воспитуван како католик, но во текот на животот се оддалечил од верата. Меѓутоа во своите зрели години повторно ја открива верата и денес зборува за важноста на верата во неговиот живот.

Пејачот јавно има посведочено дека неговата мајка кога била бремена одбила да го абортира и покрај тоа што лекарите ја нагоговарале на тоа. Неговата мајка Еди не го послушала советот на лекарите и покрај тоа што и кажале дека детето кое ќе го роди ќе биде со деформација.

Битно/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот