Англиканската црква дозволи жени епископи

Одлуката на Англиканската црква да дозволи жени во епископската служба е една од последните препреки која застана на патот кон остварување на единството, но и покрај тоа, ќе продолжиме со екуменското ангажирање во барање на подлабоко разбирање и практична соработка, таму каде што тоа е можно – изјави монсињор Бернард Лонгли, претседател на одделот на англиските и велските епископи за дијалог и единство, коментирајќи ја одлуката на Генералниот синод на Англиканската црква во Јорк.

Реформата која веќе со години е причина за разни поделби во Англиканската заедница е одобрена со двотретинско мнозинство во секоја од трите комори (епископи, пастори и лаици), која ја сочинуваат Генералната синодата на Англиканската црква.

Во овој тежок момент уште еднаш го истакнуваме големиот екуменски напредок остварен во декадите после Вториот ватикански собор и развојот на цврсто пријателство меѓу нашите заедници . Ќе го направиме она што е можно како би ја зајакнале оваа поврзаност и заедно ќе бараме можност за сведочење на Евангелието во нашето општество – рече архиепископот на Бирмингем.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот