Ангел Господов: Спасителот ги преобразува раните на историјата

Ангел Господов: Спасителот ги преобразува раните на историјата

Папата Лав XIV пред молитвата Ангел Господов во недеал 1 март 2026 година, зборуваше за таинството на Преображението, истакнувајќи дека Христос Спасителот ги преобразува раните на историјата и го открива Божјиот дар на спасение.

Преображението на Исус, опишано во неделното Евангелие, „ја навестува светлината на Велигден: настан на смрт и воскресение, на темнина и нова светлина што Христос ја зрачи врз сите тела измачувани од насилство, распнати од болка или напуштени во беда“, рече папата Лав во катехезата по неделната молитва Ангел Господов.

Иако учениците што Го придружувале Исус го виделе Неговиот сјај, им било потребно време да разберат што виделе: „време во тишина да го слушаат Словото, време за преобраќање, за да уживаат во Господовото присуство“.

Во својата катехеза Папата потсети дека учениците го виделе Исус, Словото што стана тело, како стои меѓу Законот и Пророците, претставени преку Мојсеј и Илија.

„Како на денот на Неговото крштевање во Јордан“, рече папата Лав, „го слушаме гласот на Отецот како објавува: ‘Ова е Мојот возљубен Син’, додека Светиот Дух Го обвива Исус со ‘светол облак’.“

Ова пројавување на Божјата слава во човечкото лице на Христос им овозможува на Петар, Јаков и Иван „да размислуваат за скромната слава, која не се претставува како спектакл за мноштвото, туку се открива во свечена интимност“.

Преображението на Исусовото тело, кое свети „со славата Божја“ и покрај злото во светот, покажува дека Откупителот „ги преобразува раните на историјата, просветлувајќи ги нашите умови и срца; Неговото откровение е дар на спасение“.

Папата Лав праша: „Дали ова нè восхитува? Дали го гледаме вистинското лице Божјо со поглед полн со восхит и љубов?“

И заклучи: „Одговорот на Отецот на очајот од атеизмот е дарот на неговиот Син, Спасителот; Светиот Дух нè искупува од осаменоста на агностицизмот нудејќи ни вечна заедништво на живот и благодат; и како одговор на нашата слаба вера, се објавува ветувањето за идното воскресение.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот