Зачудувачка реченица: „Која сака да биде прв, нека биде последен од сите, и на сите – слуга!” (Марко 9,35) Исус ги превртува критериумите на она што навистина е важно. Папата Фрањо во говорот пред молитвата Ангел Господов со народот на 19 септември 2021 година го толкуваше Евангелието за неделната Литургија (Марко 9,37), истакнувајќи дека во Божјите очи големината и успехот се мерат со служењето.
Вредноста на човекот не зависи повеќе од тоа каква улога има, која работа ја работи, дали има пари во банката, рече Папата. Сакаш да бидеш прв? Служи.
Денес зборот „служење“ изгледа малку истрошен. Но има многу прецизно конкретно значање во Евангелието. Служењето не е израз на љубезност: тоа значи да дејствуваш како Исус. Сакаме ли да го следиме, продолжи Папата, мора да го следиме патот кој самиот тој го назначи, патот на служењето. Нашата верност на Господ зависи од нашата подготвеност за служење. Тоа неретко нѐ чини ни делува како крст.
Меѓутоа нагласи Светиот Отец како што расте нашата грижа и отвореност за другите така стануваме одвнатре послободни, послични на Исус. Колку повеќе служиме, посвесни сме за Божјото присуство. Пред сѐ кога служиме на оние кои не можат да ни дадат ништо за возврат – сиромашните, ја откриваме во нив Божјата љубов и прегратка.
Откако зборуваше за првенството за служење, Исус го става среде нив. Детето овде не претставува толку невиност колку маленкост, објасни Папата. Мали како што се децата, зависат од другите, од возрасните мора да примаат.
Оние на кои мора пред сѐ да служиме се оние кои треба да примаат, а не можат ништо да дадат за возрат, нагласи Светиот Отец. Примајќи ги оние кои се на маргините, занемарените, Го примаме Исуса. Во малиот, во сиромашниот на кој му служиме исто така ја примаме нежната Божја прегратка.
Драги браќа и сестри предизвикани од Евангелието да се запрашаме: дали јас кој го следам на Исуса се интересирам за оној кој е занемарен? Или сум како апостолите тој ден кој бараат лично задоволство? Дали на животот гледам како натпреварување со кое правам места за себе на сметка на другите, или верувам дека да се биде прв значи да се служи? Конкретно: го посветувам ли своето време на „малиот“, на луѓето кои не можат да ми возвратат? Се грижам ли за некој кој не може да ми дадат ништо за возврат или само за своите роднини и пријатели, заврши папата Фрањо?
Ватикан њуз/к.мк