Ангел Господов: Озборувањето е чума, не ни помага да станеме подобри

Ангел Господов: Озборувањето е чума, не ни помага да станеме подобри

Во неделното попладневно обраќање, папата Фрањо зборуваше за важноста на братското поправање и како да се практикува, вдаховувајќи се од Исусовиот стил. Според Папата, ова е еден од највисоките изрази на љубов, но и најсложените. Ако грешката продолжи, свртете се кон наклонетост на заедницата, користете кроткост и добрина, не ставајќи го на столбот на срамот.

Исус е оној кон кого треба да се погледне за да му помогнеме на братот по вера да ја види својата грешка и да го наведе на поправање. За оваа перспектива Папата зборуваше во своето обраќање пред молитвата Ангел Господов во недела 10 септември 2023 година, коментирајќи го Евангелието од неделната Литургија.

Не препуштајте се на озборувања

Братската исправка е еден од највисоките изрази на љубов, и една од најсложените – со овие зборови папата Фрањо ја опиша братската исправка која треба да се применува без гнев и предупреди на озборувањето.

Не е во ред и не му е угодно на Бога. Неуморно повторувам дека озборувањето е чума за животот на луѓето и заедниците, затоа што носи поделби, страдања и соблазна, а никако не помага за подобрување и раст.

Приота Папата го цитираше свети Бернар од Клерво, кој во својот трактат „Степените на смирението и горделивоста“ забележува дека бесплодната љубопитност и површните зборови се првите скалила на скалата на горделивоста, кои не водат нагоре, туку надолу, туркајќи го човекот во колапс и пропаст.

Покажувањето со прст не е добро

Исусовиот стил нè учи да користиме преданост, дискреција, храброст, јасност, без озборувања. Во случај тоа да се покаже како недоволно или неефикасно, потребно е да се побара помош, а не да се дејствува самостојно; сепак, никогаш не потклекнувајќи на озборувања, туку секогаш имајќи го доброто на другиот како единствена цел.

Посочувањето со прст кон друг не е добро; напротив, често им отежнува на оние кои згрешиле да ја препознаат својата грешка. Заедницата, напротив, додека ја осудува грешката, треба да му дозволи да ја почувствува нејзината близина преку молитва и љубов, секогаш подготвена за прошка и нов почеток.

Погледнете ја Марија

Затоа папата Фрањо предложи неколку корисни прашања за испитување на совеста:

Како да се однесувам кон оној што греши против мене? Дали имам и собирам лутина? Дали ова станува причина да се зборува зад грб на другиот? Или се обидувам да разговарам со него? Дали се молам за него или за неа, дали барам помош за да направам добро? Дали нашите заедници се грижат за оние што паѓаат, за да можат да станат и да започнат нов живот? Дали покажуваат со прст или ги чекаат со раширени раце?

На крајот, ја повика Марија, која – како што рече – продолжи да сака и покрај тоа што слушаше како луѓето го осудуваат нејзиниот Син, нека ни помогне секогаш да го бараме патот на доброто.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот