Ангел Господов на крајот од светата Литургија по повод беатификацијата на папата Павле VI

На крајот од свечената Литургија за завршетокот на Епископската синодата и беатификацијата на папата Павле VI, светиот Отец ги поздрави поклониците од Италија и останатите земји, а посебно поклониците од Бреша, Милано и Рим, кои на посебен начин се поврзани со животот и службата на папата Монтини и ги поттикна на верно наследување на науката и примерот на Блажениот.

Беше приврзаник на движењето ад гентес; на што е посебно сведоштво апостолското писмо Evangelii nuntiandi, со кое имаше намера да разбуди полет и преданост на посланието на Црквата. Оваа писмо е сѐ уште и во целост актуелно. Важно е да се разгледа тој аспект од понтификатот на Павле VI, бидејќи токму денес се слави Светскиот мисиски ден – потсети папата Фрањо.

Пред да ја повикаме Дева Марија со молитвата Ангел Господов, мило ми е да ја истакнам длабоката маријанска побожност на блажениот папа Павле VI. На овој првосвештеник христијанскиот народ ќе му биде секогаш благодарен за апостолското писмо Marialis Cultus, како и за тоа што, по повод затворањето на третото заседание на Вториот ватикански собор, Марија ја прогласи за „Мајка на Црквата“.

Нека Марија, Царица на светците и Мајка на Црквата, ни помогне во својот живот верно да ја вршиме Господовата волја, како што тоа го правеше и новиот блаженик – посака Папата, започнувајќи ја потоа молитвата… После Ангел Господов, Светиот Отец ги благослови насобраните верници, препорачувајќи се во нивните молитви и по својот обичај ги отпушти…

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот