Папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов во недела 20 јуни 2021 година на плоштадот Свети Петар истакна дека сонот на Исус во коработ на нашите животи нè предизвикува да го вклучиме во нашите потреби и истакна дека понизната и извонредна сила на молитвата прави чуда.
Молете се и често повикувајте го Господа – охрабри папата Фрањо денес пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар. Евангелието за денешната Литургија зборува за бурата, која Исус ја смири (Марко. 4, 35-41) – рече Папата и потсети: На коработ, во кој учениците преминуваа на другата страна на езерото, удира ветрот и брановите и се плашеа да не потонат. Исус беше со нив во коработ на кормилото и спиеше на возглавница. Учениците се исплашија и извикаа: „Учителе, зар не Ти е жал што загинуваме?”
Честопати и ние сме напаѓани од искушениијата во животот, викајќи кон Господ: „Зошто молчиш и ништо не правиш за нас?“ – рече Светиот Отец и забележа: Особено кога ни изгледало дека тонеме, затоа што љубовта или проектот во кој полагавме голема надеж пропаднале; или кога сме биле во немилост на постојаните бранови на вознемиреност; или кога сме се чувствувале обземени од проблеми или изгубени среде морето на животот, без рута и без пристаниште. Или во моменти кога сме немале сила да продолжиме понатаму затоа што сме немале работа или сме биле исплашени од неочекувана дијагноза, прашувајќи се што ќе се случи со нашето здравје или здравјето на нашата сакана.
Во таквите ситуации и во многу други, и ние се чувствуваме дека стравот нѐ ззагушува, како учениците, во опасност сме од вид да ја изгубиме најважната работа – рече папата Фрањо и продолжи: Имено, во коработ, иако спие, се наоѓа Исус и со неговите ученици споделува сè што се случува. Иако од една страна неговиот сон нè изненадува, од друга страна нè искушува. Всушност, Господ очекува од нас да го вклучиме, да го повикаме Него, да го ставиме во центарот на она што го доживуваме. Неговиот сон нè предизвикува да се разбудиме, затоа што, за да бидеме ученици на Исус, не е доволно да веруваме дека Бог постои, туку да се поврземе со него, да го кренеме нашиот глас кон него и да повикаме кон него.
Денес можеме да се запрашаме: кои ветрови удираат во нашите животи и кои бранови го попречуваат нашето пловење? – рече Папата и додаде: Да му го кажеме сето ова на Исус, да му кажеме сè. Тој го сака тоа, сака да се држиме за него, за да најдеме засолниште против чудните бранови на животот. Евангелието вели дека учениците се приближиле до Исус, го разбудиле и разговарале со него. Тоа е почетокот на нашата вера; треба да си признаеме дека не можеме да останеме сами на површината, дека ни треба Исус, како на морнари ѕвездите за да го најдеме патот. Верата започнува со верување дека не сме доволни на себе, со чувството дека ни е потребен Бог. Кога ќе го победиме искушението да се затвориме во себе, кога ќе ја победиме лажната религиозност која не сака да го вознемирува Бога, кога ќе повикаме кон Него, тогаш Тој може да направи чуда во нас. Понизната и извонредна сила на молитвата прави чуда.
Когаа учениците го замолија, Исус ги смири ветерот и брановите и им постави прашање што нè засега и нас „Што сте така плашливи? Како немате толку вера?” Учениците дозволиле да бидат заробени од стравот, бидејќи и понатаму гледаа на брановите, а не на Исус. Така е и со нас; колку пати упорно гледаме на проблемите, наместо да одиме кај Господ и да му ги препуштиме грижите на Него! Колку пати го оставаме Господ во ќош, на дното на бродот од животот, и го будиме само кога ќе ни треба! Да молиме денес за благодатта на верата, која не се заморува да го бара Господ и да тропне на вратата на неговото срце. Дева Марија, која никогаш не престана да верува во Бога во својот живот, нека ја оживее во нас виталната потреба од секојдневна доверба во Господ – рече на крајот Светиот Отец.