Ангел Господов: Како христијани, го имаме Евангелието, а како граѓани го имаме Уставот

Ангел Господов: Како христијани, го имаме Евангелието, а како граѓани го имаме Уставот

Во недела, 7 јули 2024 година, папата Фрањо ја измоли молитвата Ангел Господов со верниците собрани на светата Литургија по повод завршувањето на 50-тата Католичка социјална недела во Италија што се одржа во Трст од 3 до 7 јули. Пред молитвата Папата упати наговор, која го пренесуваме во целост.

ПАПА ФРАЊО

АНГЕЛ ГОСПОДОВ

Сакав да му се заблагодарам на епископот за многу работи, но пред сѐ за едно: Што не „зборуваше“ за болните… Ги именуваше! Ги знае по име! И тоа е пример, бидејќи милордието е конкретно, љубовта е конкретна. Голема благодарност до бискупот бидејќи ја има таа навика. Секој човек, здрав или болен, голем или мал, секој човек има достоинство. Достоинството се изразува со име, а тој ги знае по име. Многу убаво. Сега се надевам дека ќе продолжи со ова познавање, бидејќи во една прилика сретнав еден парох од планински регион – тој беше парох во три села – и му реков: „Кажи ми, дали ги познаваш овие луѓе по име? “, а тој одговори: „Ги знам и имињата на кучињата од тие семејства!“. Сега се надевам дека ќе продолжи во тој стил и ќе ги дознае имињата и на кучињата.

Драги браќа и сестри,

Пред завршниот благослов, сакам да ве поздравам сите собрани на овој многу сугестивен плоштад. Му благодарам на бискупот за неговите зборови и пред сѐ за подготовката на оваа посета, а заедно со него и на оние кои соработуваа на многу начини, особено околу богослужбата – прекрасни се, ве молиме дајте аплауз за раководителите и за сите нив – и разните служби; како и многу луѓе кои учествуваа во молитвата. Ја ветувам мојата блискост со болните – со многумина од нив се поздравив – затвореници, мигранти – врата на градот Трст е отворена за сите мигранти – и за сите оние за кои животот е постојана борба.

Трст е еден од оние градови кои имаат повик да собираат различни луѓе: пред сè, затоа што е пристаниште, особено важно пристаниште, а потоа затоа што се наоѓа на раскрсницата меѓу Италија, Централна Европа и Балканот. Во овие ситуации, предизвикот со кој се соочува Црквата и граѓанската заедница е ова: да знае како да ги спои отвореноста и стабилноста, гостопримството и идентитетот. И сакам да го кажам ова: имате „уредни документи“. Ви благодарам. Имате „уредни документи“ за да се соочите со овој предизвик! Како христијани, го имаме Евангелието, кое дава смисла и надеж на нашите животи; а како граѓани го имаме Уставот, сигурен „компас“ за патот на демократијата.

Па само напред! Без страв, отворени и непоколебливи во човечките и христијанските вредности, приспособливи, но без загрозување на човечкото достоинство.

Од овој град ја обновуваме нашата посветеност на молитвата и работата за мир: за маченичката Украина, за Палестина и Израел, за Судан, Мјанмар и сите народи кои страдаат од војна. Да прибегнеме кон застапништвото на Дева Марија, која на Монте Гризи се чествува како Мајка и Царица.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот