Во своето пладневно обраќање на 3 ноември 2024 година, папата Фрањо поттикна да се вратиме на корените на христијанскиот живот: „надворешните постапки“ не се важни, бидејќи можеме да направиме многу работи, но само за себе, а Господ ќе не праша како сме се сакале едни со други.
Во својот говор пред молитвата Ангел Господов, папата Фрањо се осврна на евангелскиот дел во кој еден од книжниците го прашува Исус која заповед е најголема од сите?
Евреите имале многу прописи и барале основа на сè, заповед што ќе биде основна. Се обидивале да се договорат која е основната и воделе дебати, добри дебати затоа што ја барале вистината. Ова прашање е важно за нас, за нашиот живот и за нашето одење во верата. Всушност, понекогаш се чувствуваме изгубени во многу работи и се прашуваме: што, на крајот, е најважно од се? Каде можам да го најдам центарот на мојот живот, мојата вера? Исус ни дава одговор, поврзувајќи две заповеди кои се главни: „Љуби Го Господа, својот Бог“ и „Љуби го својот ближен“. Тоа е некако сржта на нашата вера.
Папата затоа ги охрабри сите верници да се вратат во срцето на животот и верата, бидејќи срцето е „изворот и коренот на сите други сили, убедувања, страсти и избори“.
Исус ни вели дека извор на сè е љубовта, дека никогаш не смееме да го одвојуваме Бога од човекот. Господ му вели на секој ученик во сите времиња: надворешните дела, како што се палениците и жртвите (р. 33), не се важни на твојот пат, туку расположението на срцето со кое се отворате кон Бога и твоите браќа. Браќа и сестри, можеме да правиме многу работи, но тоа да го правиме само за себе и без љубов, и тоа не е добро; да го правиш тоа со расеано или затворено срце, и тоа не е добро. Сè треба да се прави со љубов.
Папата на крајот предупреди дека кога ќе дојде Господ ќе не праша за љубовта: „Како љубеше“.
Затоа, важно е во срцето длабоко да се всади најважната заповед. А која е таа заповед? Сакај го Господа својот Бог и сакај го својот ближен како себе си и испитувај ја својата совест секој ден и запрашај се: дали љубовта кон Бога и кон ближниот е средиште на мојот живот? Дали мојата молитва кон Бог ме охрабрува да одам во пресрет на моите браќа и слободно да ги сакам? Дали го препознавам Господовото присуство во лицата на другите?
Дева Марија, која го носеше Божјиот закон втиснат во своето Безгрешно срце, нека ни помогне да го љубиме Господ и браќа“, рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк