Не смееме да се плашиме од оние кои дрско и насилно се обидуваат да ја изгаснат силата на евангелието – рече папата Фрањо во говорот пред молитвата Ангел Господов на 21 јуни 2020 година. Имено ништо не можат против душата, односно против заедништвото со Бог. Тоа никој не може да им го одземе на учениците, затоа што е дар од Бога. Ученикот единствено треба да се плаши дека може да го изгуби тој дар, одбивајќи да живее во согласност со Евангелието и така си придобива морална смрт, што е последица од гревот.
„Не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат“ – истакна папата Фрањо на плоштадот Свети Петар. Во денешното Евангелие наменето за Литургијата Исус ги повикува учениците да не се плашат, да бидат силни и полни со доверба пред предизвиците во животот и однапред им најавува неволји кои ги чекаат (Матеј 10,26-33) – рече Папата и напомена: Денешното Евангелие е дел од мисионерскиот говор со кој Учителот ги подготвува апостолите на првото искуство со навестувањето на Божјото Царство, ги поттикнува да не се плашат и им опишува три конкретни ситуации со кои ќе се соочат.
Посебно ќе се соочат со оние кои ќе сакаат да го замолчат Божјото слово, засладувајќи го или замолчувајќи ги оние кои го навестуваат – рече Светиот Отец и додаде: Во тој случај Исус ги поттикнува апостолите да ја шират пораката за спасението која им ја довери. Тогаш им ја пренесе внимателно, скоро во тајност. Но тие евангелието ќе мора отворено да го објават на светло и јавно од покривите.
Втората тешкотија со која Христовите мисионери ќе се сретнат е телената закана, односно нивното директно прогонство, сè до смртта – реча Папата и продолжи: Тоа Исусово пророштво се остварува во секое време. Тоа е жалната реалност, но тоа ја потврдува верноста на сведоците. Колку ли само и денес се прогонувани христијаните во светот! Ако страдаат заради Евангелието и со љубов, тие се маченици во нашево време. На тие, тогашните и денешните ученици, кои поднесуваат прогонство Исус вели: „Не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат“.
Не смееме да се плашиме од оние кои дрско и насилно се обидуваат да ја изгаснат силата на евангелието – рече Папата и објасни: Имено ништо не можат против душата, односно против заедништвото со Бог. Тоа никој не може да им го одземе на учениците, затоа што е дар од Бога. Ученикот единствено треба да се плаши дека може да го изгуби тој дар, одбивајќи да живее во согласност со Евангелието и така си придобива морална смрт, што е последица од гревот.
Третиот вид искушение со кое ќе се соочат апостолите Исус им го открива во чувствата, кои некои би можеле да ги искусат, дека и самиот Бог ги напуштил, останувајќи далечен и нем – рече Светиот Отец и додаде: И тука поттикнува да не се плашиме, и покрај тоа што поминуваме низ такви и други интриги, животот на учениците е цврсто во рацете на Бог кој ги љуби и чува. Не се работи за едноставно поттикнување за обнова на силата и храброста пред неволјите и опасностите. Се работи за јасна сигурност дека Господ нè повикува да го обновуваме својот пат секој ден и во секој момент.
Отецот се грижи за нас, затоа што во неговите очи сме многу вредни. Она што е важно е искреноста во сведочењето на верата. Да се признае Исус пред луѓето е условот Исус да нè признае пред Отецот. Тоа е услов за спасение и вечниот живот со него во рајот.
Пресвета Дева Марија, пример за доверба и препуштање на Бог во моментите на неволји и опасностите, нека ни помогне никогаш да не се препуштиме на очајот, туку секогаш да се доверуваме на него и неговата милост која е посилна од злото – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк