Ангел Господов: Верата на апостолите Петар и Павле

Ватикан, 29.6.2013 /к.мк/ – Во традиционалниот говор на молитвата Ангел Господов по повод заштитиниците на Рим светите Петар и Павле во сабота 29 јуни, папата Фрањо нагласи, дека овој празник не е само празник за Римската Црква, туку и на универзалната Црква, на целиот народ Божји кој на врховните апостолите има го должи дарот на верата.

Петар е првиот кој исповеда дека Исус е Месија, Син на живиот Бог. Павле го „подготви навестувањето во грчко – римскиот свет“. Промислата посака, и двајцата да ја пролеат својата крв во Рим. Поради оваа причина „Црквата во Рим веднаш и спонтано стана центар за поврзување на Црквите во светот. Не со царска сила, туку преку силата на мачеништвото, сведоштвото за Христос! Основата е секогаш и само љуботва Христова, која произлегува од верата за да напредува Црквата.

Папата потсети на Петар и неговото сведоштво за верата во Исус. Тој беше освоен од благодатта, која извира од Исус, од „љубовта која ја чувствуваше во неговото Слово и ја гледаше во неговите дела: Исус е Љубовта Божја!“

Истото се случува и со Павле, иако на поиканков начин. Воскреснатиот го преобрази животот на поранешниот непријател на христијаните. Така тој сфати дека Христос не е мртов, туку дека живее, и дека го љуби, и покрај тоа што беше негов непријател. Тоа е искуство на милосрдието, на простувањето Божјо преку Исус Христос: „Тоа е Радосната вест, Евангелието, кое што Петар и Павле самите го искусија и поради што ги дадоа своите животи.“

Папата Фрањо ја истакна радоста на верата во едниот Бог, кој е потполна Љубов, потполна Благодат. Таква вера „Петар и Павле примија од Христос и ја пренесоа на Црквата. Да го славиме Бог за овие славни сведоци и да дозолиме на Христос, да бидеме освоени од него, како што беа освоени двајцата апостоли.

Исто така и Андреј, братот на Петар го сподели искуството со Христос, кој го сретна пред Симон. Папата ја поздрави делегацијата испратена од екуменскиот патријарх од Цариград, чиј што заштитиник е Апостол Андреј: „Сите заедно да испратиме срдечен поздрав до патријархот Вартоломеј I и да молиме за него и неговата Црква.“ Потоа папата Фрањо заедно со присутните верници на плоштадот Свети Петар измоли „Радувај се Маријо“ за патријархот Вартоломеј I.

Светиот Отец се помоли и за митрополитите од различните делови на светот, кои за време на свечената света Литургија во базиликата Свети Петар од папата Фрањо добија палиум, „симбол на заедништвото“. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<