Папата Фрањо на 23 ноември во Ватикан прими делегација американски кошаркари, претставници на Националната асоцијација на кошаркари (НБПА).
Во приватната аудиенција, петмина кошаркари го информираа Папата за социјалната и општествената посветеност на спортистите, меѓу другото и за борбата против полициското насилство мотивирано од расизам во САД. Средбата е организирана по барање на играчите.
Папата сакаше да дознае повеќе за движењето „Black Lives Matter“, кое НБА-играчите го поддржаа на крајот на сезоната во Орландо, каде на нивните дресови имаа напишано пораки за социјална правда наместо нивните имиња, а ваквите активности се планираат и за во иднина.
На Папата му донираа книга со извештаи и фотографии од нивниот социјален ангажман, како и топка и дресови. Во делегацијата беа професионалните кошаркари Џонатан Исак и Марко Белинели (Сан Антонио Спарс), Стерлинг Браун (Хјустон Рокетс), Кајл Корвер (Милвоки Бакс) и поранешниот играч Ентони Толивер (Мемфис Гризлис), како и менаџерката на НБПА, Микела Робертс и уште двајца членови од управата.
Ватикан њуз/к.мк