Амбасадорот на Словенија во посета на центарот Мајка Тереза во Гевгелија и Едукативниот центар во Сарај
На 25 март 2021 година директорот на Македонски Каритас дон Паво Шекерија и амбасадорот на Република Словенија Н.Е. г-дин Милан Предан го посетија центарот Мајка Тереза во Гевгелија и Едукативниот центар на Македонски Каритас во Сарај, општина Босилово. Во оваа прилика амбасадорот Предан предаде донација со дезинфекциски средства на двата центри.
Донацијата е дел од проектот за ублажување на последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 кој го имплементираат хуманитарната организација Македонски Каритас и Црвен крст на Македонија, а е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Словенија. Проектот предвидува поделба на прехранбени и хигиенски пакети на ранливи категории на граѓани – истакна словенечкиот амбасадор, г-дин Предан.
Покрај тоа проектот опфаќа доставување на топли оброци на лица во потреба, како и донација на дезинфекциско – хигиенски материјали и опрема на основни училишта, едукативни центри и центри за лица со посебни потреби.
к.мк