Алепо. Деца без идентитет

Алепо. Деца без идентитет

Деца без идентитет кои никогаш не биле запишани во матичните книги, на кои им е одземено детството и образованието, кое општеството ги одбило затоа што се родени во времето на џихадистичкото насилство, присилните бракови, силување.

Има најмалку 3000 такви деца, а најмногу живеат на периферијата во источниот дел на Алепо.

Токму за нив како и за сите деца во Сирија кои веќе седум години ги мачи војната им е наменет проектот наречен „Име и иднина“ кој преку собирање на средства кое што го координира здружението Pro Terra Sancta, заеднички го остваруваат апостолскиот викар во Алепо за верниците од латински обред монс. Абу Казен, потоа отец Фирас Луфти фрањевец, поглавар на заводот Свети Антун и големиот муфтија Махмуд Акам.

Станува збор за деца кои се родени во текот на војната, во бракови меѓу џихадистите кои траеле само неколку месеци; а има и деца кои конфликтите ги оставиле без татко или чиј татко се вратил во својата татковина – рече отец Фирас и додаде дека во некои случаи мајките се присутни, а во некои се починати или се тешко погодени од насилството.

Седумгодишна војна во Сирија

Седумгодишната постојана војна во Сирија остави неибришливи трагови. Тоа е војна која наизглед заврши, затоа што престанаа бомбардирањата, но останаа раните заради кои е потребна итна ин тервенција – рече отец Фирас. Потребно е да се ангажираме за тие деца кои сèуште не се признати за да се запишат во матичните книги – додаде – а итно е потребна и помош во храна, вода, образование, но и психолошко и општествено оправување. Речиси сите мали деца живеат на улицата. Ретко имаат некое засолниште во кое живеат со мајка или со баба и дедо. Меѓутоа во сите случаи зад нив е големото насилство, физичките и психичките трауми заради конфликтот – истакна отец Фирас.

Меѓурелигиски дух

Покренат пред неколку месеци спомнатиот проект секој ден добива облик, благодарение и на муслиманската заедница. И тоа е многу убава карактеристика – рече фрањевецот – проектот се создаде од дијалогот на муслиманскиот свет со христијанскиот, се зацврсти и сè уште се зголемува во текот на изминатите воени години.

Надежта во уништеното општество

Во ова воскресно време, веќе осмо прославено во воени прилики, и покрај небезбедноста, владее и надежта. Гледаме на милоста од Бог кој стана човек за нас кој умре и воскресна и кој нè не напушта – рече отец Фирас. Веруваме дека ќе успееме барем да го ублажиме товарот од тој конфликт. Јасно е дека не можеме да ги задоволиме сите потреби за уништеното општество од војната. Но, како што кажала света Мајка Тереза од Калкута нашата капка е една во океанот, но без таа капка океанот не би бил истиот – истакна на крајот отец Фирас.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот