На 15 март 2019 година се навршуваат девет години од започнувањето на војната Сирија. За состојбата во земјата за Радио Ватикан зборуваше фра Ибрахим Алсабаг, управител на парохијата во Алепо, кој се грижи за сиромашните семејства на тоа подрачје.
Ако побегнавме на гранатите, можеме да го преживееме и гладот, кој е наше секојдневие. Господ е со нас, рече епископскиот викар и управител на католичката парохија во Алепо, град уништен од војната, додавајќи дека во таа земја пазарот потполно е блокиран, нема работа и населението е на прагот од глад.
Парохијата на фра Ибрахим, посветена на свети Фрањо Асишки започна акција во Великиот пост, во која на сиромашните семејства во Алепо, покрај месечни пакети со храна, ќе дели и маслиново масло. Веќе неколку години, во склоп на проектот за најпотребните, обезбедуваме пакет прехранбени продукти, со кој на секое семејство би му се помогнало да ги задоволи своите потреби за поголем дел од месецот – објасни фра Ибрахим. За време на минатата година месечно се делеа 3800 пакети, кои содржат шеќер, ориз, тестенини, млеко во прав, чоколада, како и бонови за месо и кафе.
Луѓето тука се сиромашни – истакнува фра Ибрахим. Некогаш канта маслиново масло за едно семејство беше мал трошок, а сега стана сон, затоа што неговата цена е како една месечна работничка заработка, односно 50 евра. Поради тој факт, меѓу останатото, започнато е со иницијатива во постот, која има за цел да се заживее локалното земјоделско производство.
Гледам дека луѓето навистина се скршени – рече фра Ибрахим и додаде дека Бог нема да го благослови постот, ако во него нема милосрдие кон ближниот, без разлика кој и да е, христијанин или нехристијанин. Отец Ибрахим настојува да ја охрабри локалната христијанска заедница со цел да се оттргне очајот – но како што се пожали – во срцата на христијаните и понатаму останува искушението да се напушти Сирија. И покрај сѐ фра Ибрахим нема намера да го напушти Алепо и иднината ја доверува на Господ, продолжувајќи го посланието на Црквата во служење на последните и најсиромашните, постојано сведочејќи за љубовта на Исус Христос.
Ватикан њуз/к.мк