Зад рекламата не стои никој друг, туку токму Националната здравствена служба (National health service – NHS) – јавна здравствена организација која се грижи за здравствениот систем во Велика Британија.
Жени, ако имате деца повеќе нема да можете да одите со високи потпетици и нема да имате повеќе време за шминкање!
Мажи, ако имате деца, повеќе нема да може да играте видео игри!
Заклучок? Земете контрацептивна пилула „ден после“ и ослободете се од можната „трагедија“ која се заканува на вашиот живот!
Ова горе е резиме на новите, срамни реклами за посткоитална контрацепција коа овие денови се појавиле во автобусите низ цела Велика Британија.
На една реклама покрај чевлите со високи потпетици и цвеќе стои: „Зарем би го менувале ова?“, а под него покрај цуцлата стои натпис “За ова?“
Постои и „машка верзија“. На неа наместо цвеќе и чевли се гледа џоистик за видеоигра, симбол за „забава и отпуштање“ кои се спротивставени на детската цуцла.
Пораката е јасна и поразувачка: бегате од секоја одговорност, секоја пожртвуваност. Смислата на животот е во забавата, угодување на себе и одење на високи потпетици. Значи земете абортивни пилули за „ден после“ кои ќе ви помогнат да ја остварите таа смисла.
Зад рекламата не стои никој друг, туку токму Националната здравствена служба (National health service – NHS) – јавна здравствена организација која се грижи за здравствениот систем во Велика Британија. Таков став кон родителството, значи е и служебна политика на британските јавни инаституции.
На младите денес сака да им се понуди искривена слика за љубовта, раздвојувајќи ја одговорноста од уживањето. Нудењето на лажни илузии во подрачје на љубовта или лажење за вистинските одговорности кои треба да се прифатат во сопствениот сексуален живот не му прилега на општество кое се повикува на принципите за слоода и демократија. Слободата треба да се поврзе со вистината, а одговорноста со силата на несебично и пожртвувано себедарување за другиот“ – напиша своевремено Бенедикт XVI., коментирајќи ја енцикликата на папата Павле VI. „Humanae vitae“ во која тој одговара пророчки за тоа како се уништува вистинската природа на сексуалноста, кои со себе ја донесува контрацепцијата. Како што се гледа, енцикликата имала пророчко значење.
Горан Андријаниќ/Битно нет/к.мк