Ако денес е твојот последен ден…
Бидејќи не го знаеме ниту денот ниту часот. Еден ден навистина ќе биде последен. А ти биди подготвен за него. Секој ден.
Замисли како денес да е последниот ден од твојот живот. Се разбудуваш. Гледаш на часовникот, 7 часот. Се излежуваш уште малку во креветот? Не. Стануваш веднаш. Сакаш да го искористиш секој момент од денот. Не „висиш“ на фејсбук првиот половина час гледајќи вести, објави, статуси, озборувања..
Го исклучуваш мобилниот телефон. Се прекрстуваш како што тоа го правиш секое утро. Само овој пат со малку повеќе вера, надеж и концентрација. Тој момент го поминуваш со Бога на начин на кој Он тоа го заслужува. Не од навика, не си во брзање помеѓу кафето и задоцнувањето на работа. Тоа е уште еден целосно обичен ден во твојот живот. Но можеби е последен ден. Па одлучуваш оваа утро да ја бакнеш својата сопруга и во мир да појадуваш со своите деца. Оваа утро 5 минути посветуваш само на нив. Не така како и минатите денови, се преправаш дека ги слушаш додека го прелистуваш весникот, но сега веќе навистина ги слушаш. Цврсто одлучуваш дека оваа утро нема да им се налутиш на соседите кои никогаш не те поздравуваат и ти кој од инат веднаш одлучуваш да престанеш да ги поздравуваш. Ќе го поздравиш и ќе му ја дадеш својата прва дневна насмевка. Тоа ќе му значи, иако тој е вечно налутен. Нема ниту да пцуеш на гужвата во сообраќајот, на жената која навлегла во погрешна патека и ти го блокирала патот. Ќе бидеш трпелив и ведар.
Зошто последниот ден од својот живот да го поминам нервирајќи се? Не вреди. Ќе бидеш трпелив и со колегите на работа, нема да се лутиш, нема да се откажеш. Ќе работиш и ќе дадеш сѐ од себе за луѓето кои тој ден ќе ги сретнеш и ќе им донесеш радост и мир. Затоа ќе земеш парче хартија и на него ќе ја напишеш својата желба и сите оние соништа кои никогаш не си ги исполнил. Ќе ти биде жал што не си работел на тоа, што предвреме си се откажал. Поради страв. Поради мрзеливост. Сега, денес, да имаш уште една шанса за живот, би дал сѐ од себе да ги исполниш и да се бориш за нив. Но секогаш можеш да започнеш макар да не достигнеш да ги завршиш.
Затоа земаш друга хартија и ги запишуваш имињата на луѓето со кои не разговараш, кои си ги повредил, кои те повредиле тебе. Тоа те мачи секоја вечер, но инатот и гордоста од некоја причина се посилни и тоа те кочи секој пат кога посакуваш да ги повикаш, да се извиниш, да си простиш себе си и на нив и ќе си ја смириш совеста. Но, денес е вистинскиот ден за тоа! Бидејќи е последен и бидејќи нема да добиеш друга шанса. Затоа ги гасиш и егото и гордоста и одлучуваш да ги решиш сите обврски во твојот живот кои останале недокажани и завршени поради погрешни причини.
Кога навечер ќе дојдеш дома ќе ги прегрнеш своите сакани. Наместо зуење напразно, ќе помогнеш на својата сопруга да ги измиете садовите. Наместо цела вечер да ја менуваш програмата на телевизорот, ќе им прочиташ приказна на своите деца за добра ноќ. Ќе се помолиш со нив. Ќе се заблагодариш за денешниот ден; за сите благослови и крстови. Ќе го замолиш Бог за уште еден нов ден, ново утро, нова прилика. Но ако тој и не осамне ти си мирен и спокоен.
Бидејќи ако денес навистина беше твојот последен ден од твојот живот ти си го искористил на најдобар начин. Сакајќи и со љубов. Несебично си го дал и си живеел за другите, а не за себе. И знаеш, можеби денес и не е последниот ден од твојот живот. Но, живеј го како да е. Бидејќи не го знаеме ниту денот ниту часот. Еден ден навистина ќе биде последен. А ти биди подготвен за него. Секој ден.
Млади Католици/к.мк/Тања Стојанова
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк