Агапе во Чанаклија по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица
Во понеделник 21 септември, на празникот Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, во филијалната црква „Свети великомаченик Ѓеорги“во Чанаклија, се служеше света Литургија,која ја предводеше о. Спасо Ристов, парох во Нова Маала и Чанаклија, во заедништво со о. Тони Ангелов. Во проповедта о. Спасо Ристов говореше за положбата на светите Јоаким и Ана повикувајќи никој да не осудуваме, бидејќи не сме пратени на земјата за судии, туку за да ја вршиме волјата Божја.
По светата Литургија о. Спасо Ристов го благослови агапето подготвено од црковните одборници и од добронамерните домаќинки кои помогнаа при подготовката на заедничкото агапе. Посебно радува фактот што од сите семејства имаше присутни на светата Литургија. По делењето на агапето парохот одржа состанок со црковните одборници, разгледувајќи ги идните насоките во филијалата.
к.мк