Агапе во Чанаклија

Агапе во Чанаклија

Во среда на 21 септември 2022 година, на празникот Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, во филијалната црква „Свети великомаченик Ѓорги“ во Чанаклија, се служеше света Литургија, која ја предводеше о. Ванчо Назов, парох во Сарај и Чанаклија, во заедништво со о. Ѓорги Динов, парох во Нова Маала. Во проповедта о. Ванчо Назов го истакна примерот на родителство на светите Јоаким и Ана повикувајќи ги присутните верници како родители да го следат таквиот пример и нивната силна вера во Бог.

По Светата Литургија о. Ванчо Назов го благослови агапето подготвено од црковните одборници и од домаќинките кои помогнаа при подготовката на заедничкото агапе. По поделувањето следеше кратко дружење со црковниот одбор и верниците кои помагаа при подготовката.

Ватикан њуз /к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот