Авганистан од 2017 година е посветен на Безгрешното Срце Богородично, свештеникот кој ја извршил посветата објаснува зошто

Авганистан од 2017 година е посветен на Безгрешното Срце Богородично, свештеникот кој ја извршил посветата објаснува зошто

Авганистан поминува низ тешки моменти, но доверен е на заштитата на Безгрешното Срце Богородично.

Иако во Авганистан ниту еден Авганистанец не е официјално забележан како католик во италијанската амбасада во главниот град Кабул постои католичка капела посветена на Пресвета Богородица од Божјата Провидност во која странците кои престојуваат во Кабул можат да одат на света Литургија.

Таа капела е единствената христијанска градба во земјата во која 99,7% од населението се муслимани.

Во 2017 година о. Џовани Скалесе кој во спомнатата капела служел како капелан го одржал обредот на посвета на цел Авганистан под заштита на Пресвета Богородица Фатимска и на нејзиното Безгрешно Срце, а со него сослужувал капеланот од базата на НАТО.

Тоа го направил затоа што како што кажа ситуацијата во земјата постепено се влошувала па о. Скалесе се доверил на Пресвета Богородица како „последно засолниште.“

„Оваа година е 100 години од Фатима, а денес е годишнина од последната објава: зошто да не се посветиме (како поединци и како христијанска заедница) и не ја предадеме ова земја на Безгрешното Срце Богородично“, рече во 2017 година о. Скалесе.

Свештеникот од Италија напомена дека неколку години порано пред падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Советскиот сојуз Русија е посветена на Безгрешното Срце Богородично. „Ако тоа доведе до крај на комунизмот, дали посветата на Авганистан би можела да донесе нешто мир во оваа измачена земја?“ запраша о. Скалесе.

Проценил дека земјата поминува низ „важен историски момент“, додавајќи дека „можеби не сме ниту свесни какви епохални промени очекуваме.“

„Посветата на Безгрешното Срце Богородично ни помага да живееме посвесни во нашето време и во потполна отвореност кон Божјата волја“, заклучува свештеникот од Италија.

По ескалацијата на состојбата во Авганистан во изминатите недели о. Скалесе повика на молитва за измачената земја. „Живееме во денови на голема вознемиреност додека очекуваме што ќе се случи,“ рече минатата сабота за Радио Ватикан. „Мојот апел до слушателите на Радио Ватикан е да молат, … Молете, молете, молете за Авганистан! Ви благодарам!

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот