Папата Фрањо го назначи новиот командант на ватиканската жандармерија
Папата Фрањо, на 15 Октомври 2019 година го назначи новиот командант на ватиканската жандармерија. Доменико Џијани, поранешниот командант вчера поднесе оставка, а го наследи 45-годишниот Џанлука Гаузи Броколети, кој е во ватиканската жандармерија од 1995 година, а од 2018 година е заменик командант. Тој го придружуваше Папата на неколку Апостолски патувања во странство. Светиот Отец го назначи за нов директор на Секторот за државна безбедност и цивилна заштита на Ватикан и командант на жандармеријата.
Од 1999 година, тој е одговорен за проектирање и развој на интернетската безбедност на технологија во државата Ватикан и за компјутерската безбедност. Во „Оперативен центар за безбедност“ е преместен во 2010 година, каде постепено напредува во одговорностите, сè додека не стана шеф на Центарот во 2017 година, а потоа и заменик директор и командант во 2018 година. Во текот на својата работа, тој воспостави доверливи односи со неколку специјални секретаријати на Светиот Отец, како што се највисоките власти и на Државната управа и Државниот секретаријат, за каде е потребна способност и стручност за доверливите истраги.
Ватикан њуз/к.мк