„Њујорк тајмс“ објави текст на папата Фрањо за верата и хуморот

„Њујорк тајмс“ објави текст на папата Фрањо за верата и хуморот

„Њујорк тајмс“ на роденденот на папата Фрањо во вторник, на 17 декември 2024 година, го објави неговиот авторски текст за верата и хуморот.

Текстот е преземен од автобиографијата на Папата, која ќе биде објавена истовремено во 80 земји во средината на јануари. Папата Фрањо во текстот ја нагласува важноста на хуморот и самоиронијата и споменува низа шеги и анегдоти за неговите претходници и членовите на неговиот монашки ред, Исусовци.

„Животот неизбежно има свои таги, кои припаѓаат секогаш на надежта и секогаш се пат на преобраќање“, напиша Папата. Тој додава дека, сепак, по секоја цена мора да се спречи „тонењето во меланхолија, за да не го обземе горчина срцето“.

Папата открива дека ништо толку не го радува како средбата со деца. „Децата често се мои ментори. Најмногу ме воодушевуваат средбите со нив и тогаш се чувствувам најдобро“, опиша тој.

Истото важи и кога се среќавате со стари луѓе. Оние, „кои го благословуваат животот, отфрлајќи ја секоја горчина“, се неодоливи. Тие имаат дарба да се смеат и да плачат, како деца“, напиша тој. Децата како и старите луѓе, заклучува папата Фрањо, се пример за спонтаност и хуманост. „Тие нѐ потсетуваат дека оној кој се откажува од својата човечност, се откажува од сѐ“.

На кој му е тешко да „плаче искрено или страсно да се смее“ е „навистина на пат до пропаст“. „Ние сме запрепастени, вчудовидените возрасни луѓе не прават ништо добро за себе, за општеството или за Црквата“, вели папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот