Јасни зборови на Папата до лекарите: Отфрлете го лажното сочувство кое се нуди за абортусот, евтаназијата и вештачкото оплодување – останете верни на светоста на животот
Папата Фрањо на 15 ноември се сретна со членовите на италијанското здружение на лекарикатолици по повод нивната 70-та годишнина од основањето. Нема сомнеж – се обрати Папата – дека во нашето време благодарение на научниот и техничкиот напредок, значајно се зголемени можностите за лекување на телото; но истовремено изгледа како да се намелени способностите за грижата за луѓето – особено за оние кои страдат, за ранливите и немоќните. Објаснувајќи дека научниот и медицинскиот напредок може да допринесе за подобрување на човечкиот живот во таа мерка во која не се одделува од своите етички корени, Папата ги поттикна лекарите католици да ја сфатат својата професија како човечко и духовно послание, како вистински лаички апостолат.
Грижата за човечкиот живот – особено кога е најмногу загрозен – длабоко се однесува на посланието на Црквата и затоа Црквата со право го дава својот допринос, заснован на Евангелието, во расправата за човечкиот живот – рече Папата, забележувајќи дека често заради прекумерното внимание насочено кон телесните аспекти на животот, ја забораваме длабоката димензија на постоењето. Во светлината на верата и правилниот разум, човечкиот живот е секогаш свет и секогаш „квалитетен“. Не постои човечки живот кој би бил посвет од другиот, како што нема човечки живот кој е поквалитетен од другиот заради средства, права, економски или општествени можности.
Сведоштвото на лекарите католици дека човечкиот живот е секогаш свет, валиден и неповредлив и како таков треба да биде сакан, да се брани и заштитува – порача Светиот Отец. Во лекарската професија, освен тоа, треба да соработуваме и со оние кои имаат поинакви перспективи, но човечкото достоинство го препознаваат како критериум на своето делување. Ако вас Хипократовата заклетва ве обврзува секогаш да му служите на животот, Евангелието уште повеќе ве поттикнува секогаш и насекаде да го сакате најмногу кога е потребна лична грижа – рече папата Фрањо.
Владејачкото гледиште предлага „лажно сочувствување“ според кое абортусот е помош на жената, евтаназијата достоиствен чин и за пофалба е научното достигнување за „произведување на дете кое се смета за право, а не за дар; тоа е гледиште според кое човечкиот живот се користи како лабараториски заморчиња, наводно за да се спасат другите. Спротивно на тоа е евангелското сочувствување кое – како добриот Самарјанин – му се приближува на другиот и му пружи конкретна помош, нагласи Папата, додавајќи дека верноста на Евангелието и почитувањето на човечкиот живот понекогаш бара храбар избор, а во некои околности и приговор на совеста.
Изразувајќи надеж во понатамошниот раст на здружението на лекари католици, Папата им препорача конструктивна соработка со сите кои ја делат љубовта кон животот и му служат на неговото достоинство, светост и неповредливост. Потсети и на едноставниот совет на свети Камил де Лелиса за подобро служење на болните: „Ставајте повеќе срца во своите раце.“ На крајот папата Фрањо се препорача во молитвите на собраните лекари и од срце им го подели својот благослов.
РВ/к.мк