Еднаш ѓаволот се одлучил да ги продаде сите алатки од својот арсенал и затоа уредно ги изложил за да ги видат сите. Колекцијата била импресивна: блескавиот бодеж Завист, пилата Гнев, клештата Алчност, отровните стрели Похот и Страст. Присутни беа и алатот Страв, Горделивост и Омраза, и на сите се наоѓаше парче хартија на која го пишуваше називот и цената.
Одвоен од сите останати алатки се наоѓал мал, на изглед не убав, дрвен клин, на кој висел називот РАМНОДУШНОСТ.
А цената на таа алатка била највисока од сите останати заедно.
Некој минувач го запрашал ѓаволот зошто толку скапо го цени тој чудесен клин.
„Го ценам најмногу од сѐ“ – одговорил ѓаволот, „затоа што тој е единствениот инструмент во мојот арсенал на кој можам да се потпрам кога сите останати ќе откажат. Ако ми успее да го забијам овој клин во човечката глава, тој ми ја отвора вратата за сите останати инструменти.“
Непознат автор/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк