Што е синода?
Овие недели се повеќе се зборува за синодата на епископи која започна со работа на 5 октомври. Некако во ова дигитална доба наклонети сме да присвоиме некои поими без потребна јасност и одреденост, па добро е нашите читатели да бидат за тоа запознаени.
Што е синода? Зборот синода е со грчко потекло, а значи да одиш заедно. Епископската синода е – можеме да кажеме – средба на сите епископи во светот кои во духот на колегијалноста се собираат околу римскиот епископ (Папата) за да размислуваат за теми важни за целата Црква.
Синодата може да биде редовна или вонредна; редовната се одржува во однапред планирани временски растојанија, додека вонредната синода – како што е ова во тек – се одржува за да се размислува и расправа за тема чие решавање е итно. Оваа синода која ќе трае до 19 октомври е концентрирана на пасторалните предизвици на семејствата во контекст на евангелизација.
Епископите како преставници на сите региони во светот, со Папата и едни со други ги споделуваат своите перспективи и искуства на сопствениот народ. На ова синода учествуваат 36 претставници на семејствата од Афричкиот континент, 38 претставници на семејствата од Американскиот континент, 29 преставници доаѓаат од Азија, 78 членови ги преставуваат семејствата од Европа и од ватиканските дикастерии и четири претставници ги застапуваат семејствата од Океанија. Освен самите епископи во работата на синодата учествуваат и брачни парови за посебни подрачја, слушатели и делегати.
За самиот тек на синодата важно е да се истакне дека не станува збор за постигнување на политички согласности бидејќи синодата не функционира како парламент и ја нема неговата цел. Таа ги преставува слушањето на сите учесници и поделбата на информации, совети и гледишта по што Светиот Отец заедно со епископите ќе одреди насока која одговара на реалностите на целата Црква.
По завршувањето на ова вонредна синода епископите ќе се вратат во своите бискупии и со своите заедници ќе размислуваат за проблемите и предизвиците на сопственото подрачје. Во Рим ќе се вратат на следната синода во 2015 година. По завршувањето на таа синода епископите на Светиот Отец ќе му ги кажат своите препораки. Папата Фрањо на крајот ќе ги вреднува нивните предлози и ќе донесе одлука за насочувањето и водењето на Сеопштата црква… Во ова прилика вас драги читатели ве повикуваме заедно со Светиот Отец и синодските оци – молете за работата на синодата. Нека Светиот Дух ги управува нашите пастири.
РВ/Д.И.
2282